Медиасет.мк

Медиасет

По драмата на мечот со Украина, Данците со нови информации за Ериксен

Фудбалскиот сојуз на Данска се огласи со најнови информации за здравствената состојба на Кристијан Ериксен, кој колабираше за време на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина.Инцидентот се случил во 65. минута од натпреварот, кога данскиот репрезентативец се фатил за градите, а потоа паднал на тревникот. Медицинските екипи веднаш интервенирале и му укажале помош на фудбалерот, по што тој бил пренесен во болница.Сцените предизвикаа голема загриженост кај навивачите и фудбалската јавност, бидејќи потсетија на драматичниот настан од Европското првенство во 2021 година, кога Ериксен колабираше за време на натпревар и едвај беше спасен.По неизвесноста што следуваше, од Фудбалскиот сојуз на Данска соопштија дека состојбата на играчот е стабилна.„Кристијан Ериксен е свесен и се чувствува добро во околностите што се случија“, се наведува во соопштението на данскиот сојуз.Повеќе информации за неговата здравствена состојба се очекуваат по дополнителните лекарски прегледи.

На почеток
error: