Медиасет.мк

Медиасет

Победа за Маск: Му одобрија рекордна исплата од 56 милијарди долари

На годишното собрание акционерите на компанијата Тесла одобрија рекордна исплата на извршниот директор Илон Маск во износ од 56 милијарди долари, што претходно беше оспорено од судот во американската сојузна држава Делавер.

По објавувањето на прелиминарните резултати, Маск се качи на сцената со аплауз на присутните акционери и ја поздрави одлуката, јавува CNN (CNBC).

Акционерите на Тесла гласаа и за одобрување на планот за пререгистрација на компанијата од американската сојузна држава Делавер во Тексас.

Маск на својот профил на социјалната мрежа Икс (Твитер) објави и слика од торта со натпис „Гласот на народот е гласот на Бога“..

Судот во државата Делавер на крајот на јануари пресуди дека во 2018 година компанијата Тесла неправедно платила 56 милијарди долари на Илон Маск, наведувајќи дека тоа е „неразбирлива сума“ која е неправедна кон акционерите, објави TechCrunch.

На почеток
error: