Актерот Мартин Мул почина на 80-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја потврдила неговата ќерка Меги, пренесува Гардијан.
„Со скршено срце објавувам дека татко ми почина дома на 27 јуни по храбра битка со долго боледување“, напиша неговата ќерка.
Мартин ќе остане запаметен по бројни улоги, а една од нив е епизодната улога во култниот ситком „Два и пол мажи“.
Актерот се прослави во седумдесеттите со улогите во сериите „Мери Хартман, Мери Хартман“ и „Ноќ на Фернвуд 2“.
Забележителни улоги оствари во сериите „Сабрина, тинејџерската вештерка“, „Розеана“, „Уапсен развој“ и други. Тој беше номиниран за наградата Еми во 2016 година за неговата улога во серијата „Veep“.