Поранешниот басист на групата „Еј-Си/Ди-Си“, Пол Матерс почина, пренесуваат англиските медиуми.
Тој се приклучи на бендот во 1975 година по објавувањето на нивниот албум „High Voltage“. Неколку недели подоцна, тој беше протеран од групата лично од Бон Скот и брзо беше заменет со Марк Еванс.
Веста за неговата смрт ја објави на Фејсбук неговиот пријател Род Вескомб, кој рече дека музичарот живеел „сам во подоцнежните години“ и дека поради животниот стил неговата здравствена состојба во старост се влошила.
„Бев шокиран и тажен кога слушнав за смртта на Пол Матерс“, напиша тој.
Former @acdc bassist Paul Matters has reportedly died. Rest in peace: https://t.co/e9Z76MzphW
— UltimateClassicRock (@UltClassicRock) October 15, 2020