Медиасет.мк

#ТРЕНД

Меланија Трамп за борбата со коронавирусот: Имав чувство дека сум на возот на смртта

Откако откри дека освен таа и нејзиниот сопруг, позитивен на коронавирус бил и нивниот син Барон, американската прва дама на официјалната страница на Белата куќа го раскажа своето лично искуство за оваа болест.

„Среќна сум што мојата дијагноза дојде со минимални симптоми, иако, кога сите се појавија во исто време имав чувство дека сум на возот на смртта. Имав болки во телото, кашлица и главоболка и поголемиот дел од времето чувствував силен умор.
Одлучив да се борам со вирусот по природен пат, што значеше зголемен внес на витамини и здрава храна. За среќа, имавме прекрасни луѓе околу себе кои се грижеа за нас и засекогаш ќе бидам благодарна на здравствениот тим и на професионалната дискреција на доктор Конли и неговиот тим“, напиша Меланија, додавајќи дека не може доволно да им се заблагодари на докторите за нивната пожртвуваност.

„Опоравувањето од болеста ви дава доволно време и да размислите за сѐ. Кога мојот сопруг, поради внимателност беше однесен во болницата „Валтер Рид“, многу размислував за нашето семејство, но и за стотици и илјадници луѓе ширум нашата земја кои го поминуваат истото што и ние“.

„Им советувам на сите да продолжат да живеат што е можно повеќе здрав начин на живот – балансирана исхрана, свеж воздух и витамини се важни да го одржат вашето тело здраво и витално“.

На крајот првата дама додава дека конечно може да каже дека последниот тест што ѝ бил направен бил негативен и дека се надева дека наскоро ќе може да им се врати на обврските.

„Ако сте болни или вашите блиски се болни, знајте дека мислам на вас и дека ќе мислам на вас секој ден. Се молам за нашата земја, се молам за сите што се борат со ковид-19 или со која било друга болест или предизвик. Ви благодарам на сите за поддршката и добрите желби и молитвите за нашето семејство.“

Трендинг

На почеток
error: