Во САД на 87-годишна возраст денеска почина Ричард Вејн Пениман познат како Литл Ричард, пејач, пијанист и композитор. Го нарекуваа таткото на рокенролот.
Тој се појави на светската музичка сцена во 1956 година и воодушеви со својот енергичен настап на пијано и песната Tutti Frutti. Потоа следеа хитови како Long Tall Sally, Rip It Up, Lucille, Good Golly Miss Molly и други.
Пејачот е ставен во Холот на рокенрол славата во 1986 година и беше еден од првите со ова признание.
Неговите песни ги прeработуваа многу музичари, од Битлси, Еверли брадрс и Кинкс, преку Елвис Костело и Скорпионс.