Медиасет.мк

#ТРЕНД

Почина Литл Ричард, еден од создавачите на рокенролот

Во САД на 87-годишна возраст денеска почина Ричард Вејн Пениман познат како Литл Ричард, пејач, пијанист и композитор. Го нарекуваа таткото на рокенролот.

Тој се појави на светската музичка сцена во 1956 година и воодушеви со својот енергичен настап на пијано и песната Tutti Frutti. Потоа следеа хитови како Long Tall Sally, Rip It Up, Lucille, Good Golly Miss Molly и други.

Пејачот е ставен во Холот на рокенрол славата во 1986 година и беше еден од првите со ова признание.

Неговите песни ги прeработуваа многу музичари, од Битлси, Еверли брадрс и Кинкс, преку Елвис Костело и Скорпионс.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: