#ТРЕНД
Почина мајката на пејачката Вики Миљковиќ
По долга и тешка болест почина мајката на популарната пејачка и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ Вики Миљковиќ, , Зорка.
Пејачката ја сподели оваа вест на Инстаграм.
„Оваа болка не може да се опише со зборови. Оваа празнина веќе толку брзо се всели во душата, се залепи до срцето. Па сега притиска и не пушта. И толку многу солзи. И толку многу слики од минатото во исто време. Мајка – една и единствена“, напиша Вики која неодамна раскажа за медиумите дека таа обавезно по еднаш во месецот се гледала со мајка си и брат ѝ.
Нејзината мајка Зорка беше најгласна порано кога Вики се караше во популарното шоу и бурно реагираше па во една пригода изјави: „Голем срам е тоа што таму и се случува на Вики и сите тие навреди што мора да ги трпи. По толку години кариера, хитови и многубројни концерти доживеа толку да ја понижуваат. Никој во тоа жири не е фер и како сите да се здружени против неа, но народот се гледа и гледа кој е најдобар и кој најмногу се залага за тие деца што се натпреваруваат.“