Медиасет
Почина младиот кик-бокeр Марко Тодоров, Урко трогнат: Болката е голема, го загубивме по подолг период на боледување
„Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија загуби голем шампион“, се првите зборови на селекторот и претседател на КМФМ Дејан Митровски-Урко по тажната вест дека починал 23-годишниот шампион Марко Тодоров.
„Денеска по подолг период боледување почина нашиот брат, другар, натпреварувач и голем шампион Марко Тодоров. Голема е болката и загубата на сите нас кој го познававме. Сите борби во рингот ги доби но оваа најважната ја загуби. Последен поздрав со нашиот брат Марко ќе биде утре на 10.03.2024г. во 13:30 часот на гробиштата Бутел во капела 1. Почивај во мир шампионе наш!, напиша Митровски.
Денеска неговото семејство и најблиските се збогуваа од него преку социјалните мрежи.