Медиасет.мк

#ФОКУС

Почина најстариот битолски лекар примариус д-р Константин Нича

Во Клиничката болница во Битола во 98-та година од животот, по кусо боледување почина познатиот битолски лекар примариус д-р Константин Нича.

Константин Нича е роден на 11 март 1922 година во Крушево.

За време на Втората светска војна бил вклучен во Народно ослободителното движење, а бил и раководител на СКОЈ. По ослободувањето беше секретар на младинската организација во Крушево.

По ослободувањето во 1944 година, тој беше член на првиот Околиски народно ослободителен одбор за Крушевската околија и секретар на младинската организација.

Во Загреб дипломираше на Медицинскиот факултет во Загреб . Во 1955 година започна специјализација по општа хирургија во хирушкото одделние при општата болница во Битола, а специјалистичкиот испит по општа хирургија го положи во 1959 година на хирушката клиника при Медицинскиот факултет во Скопје.

По специјализацијата се врати во Битола и се до пензионирањето работеше како специјалист по општа хирургија. Во 1972 година доби звање примариус.

За својата долгогодишна работа беше награден со Орден за заслуги за народ, бројни дипломи, повелби, благодарници и златна плакета.

За своите успеси и постигања примариус д-р Константин Нича во 2013 година го доби признанието за животно дело на Манифестацијата на Битолски весник „Избираме најусепшни битолчани“.

Нича е автор на книги за историјата и правата на Власите, за старите влашки фамилии, меѓу кои и неговата е една од најпознатите. Погребот на примариус д-р Константин Нича ќе биде утре во 12 часот на Влашките гробишта во Битола.

На почеток
error: