Медиасет

Почина познатиот актер, ѕвездата од серијата „Days of our Lives“, Дрејк Хоџштајн

Објавено на

Актерот Дрејк Хоџштајн, познат по улогата на Џон Блек во популарната сапуница „Денови на нашите животи“, почина на 70-годишна возраст, само еден ден пред својот 71-ви роденден.

Веста за неговата смрт ги потресе обожавателите ширум светот, особено љубителите на серијата во која со децении ја толкуваше една од најомилените улоги.

„Со тешко срце објавуваме дека почина Дрејк Хоџштајн. Му беше дијагностициран рак на панкреасот, но се соочи со предизвикот со неверојатна сила и решителност. По неверојатна борба, тој почина мирно, опкружен со своите најблиски“, стои во соопштението објавено на официјалната страница „Х“ на серијата.

Хоџестин беше исклучително сакан поради кариерата, но и поради улогата на посветен сопруг и татко.

Неговата битка со тешката болест заврши мирно, а серијата и обожавателите ја изразија својата длабока тага поради загубата на еден од нивните најомилени ликови.

Трендинг

Exit mobile version