Медиасет

Почина познатиот пејач од Тетово Шпат Касапи од срцев удар, имаше 40 години

Објавено на

Познатиот тетовски пејач, Шпат Касапи починал рано утрово како последица на срцев удар, потврдија семејни извори.Касапи е роден на 1 мај 1985 година во Тетово, во семејство длабоко поврзано со музиката. Оваа средина силно влијаела врз неговото формирање како уметник, што подоцна се одрази и на неговата кариера.Во јавноста се појави на почетокот на 2000-тите години и брзо стана едно од најпопуларните имиња меѓу младите. Со својот специфичен стил и карактеристичен сценски настап, Шпат остана еден од најистакнатите претставници на албанската поп-музика и во следните две децении.Во текот на својата богата музичка кариера создаде бројни хитови што станаа дел од музичката култура во Албанија, Косово и Македонија. Песни како „A më do?“, „Valle Kosovare“, „Dashni pa limit“ и „Aroma e saj“ остануваат меѓу најслушаните и денес. Настапуваше на престижни музички фестивали и соработуваше со реномирани артисти, оставајќи зад себе репертоар кој ја обележа една цела генерација.Пејачот зад себе остави сопруга и едно дете.Покрај музичката кариера, Касапи имаше и краток ангажман во институциите – работеше како советник за култура и општествени прашања на првиот вицепремиер Артан Груби во претходниот состав на Владата.Шпат Касапи е син на поранешната пратеничка од СДСМ, Ѓилумсер Касапи.

Трендинг

Exit mobile version