Медиасет.мк

#ТРЕНД

Почина сопругата на Џон Траволта, Кели Престон

Вчера, по двегодишна битка со карцином на дојка, почина холивудската актерка Кели Престон. Таа имаше 57 години.

Престон со сопругот и славен актер Џон Траволта се родители на ќерката Ела (20),  9-годишниот син Бенџамин. Синот Џет почина на 16 годишна возраст во јануари 2009 година од неизлечива болест.

Престон родена, во Хонолулу, Хаваи, студирала глума на Универзитетот во Јужна Калифорнија и ја започна својата кариера во 1985 година со својата прва голема филмска улога во „Mischief“ по неколку ситни улоги во телевизиските емисии, вклучувајќи ги „For Love and Honor“.

Во следните неколку години, Престон глумеше во филмови како SpaceCamp (1986), Twins (1988), Jerry Maguire (1996) и For Love of the Game . Последната филмска улога на Престон беше во филмот Gotti  во 2018 година во кој ја играше Викторија Готи, сопругата на мафијашкиот шеф Џон Готи, кој го глумеше Траволта.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: