26-годишниот Никола Стевановиќ за време на летниот одмор во Охрид, се здобил со повреди на рбетниот мозок, по скок во езерото.
12 дена бил во хоспитализиран во Скопје, а вчера починал на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Стевановиќ скокнал на глава од скокалница поставена во езерото. Но, како што раскажуваат очевидци, во тој дел плажата била плитка и поради тоа удрил со главата на дното и се здобил со сериозни повреди.
