Медиасет.мк

Медиасет

Почина Велибор Џаровски – Џаро, легендарниот менаџер и познатиот „крал на фудбалските местенки“

На 75 години во Скопје почина легендарниот менаџер и познатиот „крал на фудбалските местенки“, Велибор Џаровски – Џаро.

Животот на Велибор Џаровски-Џаро беше патување, песна, игра и љубов. Но играта што ја играше не беше секогаш лесна. Бурниот и немирен темперамент, остриот ум и специфичниот карактер постојано го соочува со најразлични перипетии.

Организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата, бестрашен прекршувач на законот со 135 лажирани натпревари… Секогаш во центарот на вниманието поради различни згоди и скандали, тој остана крал на југословенската естрадна и спортска сцена дури и по нејзиното распаѓање.

Менаџер во времето кога менаџерството беше непризната професија, човек кој не признава просечност и пораз, незауздан ум кој не се плаши да ги премине границите. Некои луѓе не го познаваат зборот „доволно“. Таков е Џаро, кој останува запаметен како белег на едно време што ќе остане вечно запаметено – исто како и луѓето што го одбележаа.

Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи.

Џаровски своевремено призна дека наместил повеќе од 80 фудбалски натпревари во сите рангови на натпреварување.

На почеток
error: