#ЏЕТ-СЕТ
Почина Вилијам од „Сексот и градот“ и „Пријатели“
Американскиот глумец Вилијам – Вили Гарсон, познат по улогите во телевизиските серии „Сексот и градот“ (1998-2004) и „Пријатели“ (1994-2004), почина на 57-годишна возраст. Ова го објави неговиот син Нејтан Гарсон на Инстаграм.
„Почивај во мир, тато. Мило ми е што сподели толку патешествија со мене и успеа да постигнеш толку многу“, напиша тој.
Глумецот боледуваше од рак на панкреасот.
Tој инаку, имаше улоги и во „Класични злосторства“ и „Да се биде Џон Малкович“ и во околу 170 разни други филмски и ТВ-проекти.