#КОРОНАВИРУС
Почина волонтер што ja прими вакцината против коронавирусот на Оксфорд и АстраЗенека
Бразилските здравствени служби денеска соопштија дека починал волонтер кој учествувал во програмата за развој на вакцини на британско-шведската компанија Астра Зенека и Универзитетот Оксфорд.
Бразилскиот здравствен регулатор Анвис објави дека развојот на вакцината ќе продолжи и покрај смртта на волонтерот. Анвиса не соопшти други детали за причините за неговата смрт.
Федералниот Универзитет во Сао Паоло ја потврди смртта на волонтерот во посебно соопштение, во кое се наведува дека станува збор за бразилски државјанин.