Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Почина македонската глумица Сабина Ајрула Тозија

Медиасет.мк
пред 5 години
Screenshot-2021-08-10-at-21.58.58

Почина македонската глумица Сабина Ајрула Тозија на 75-годишна возраст. Таа беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена. Препознатлива по својот актерски физикус, вонредниот талент и работа посебни во секоја улога, таа создавала и создава редица ролји по кои ја препознава публиката. Посветеноста кон секоја ролја, без разлика од обемот на работа, естетската специфика при градењето на ликот, ефикасноста на совладување и на најтешките актерски задачи, создаваат од Сабина Ајрула актерка која ја сакаат и соработниците и публиката. Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери.

Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се:

Олга („Чехов“);

Гертруда („Хамлет“);

Фатима („Солунски патрдии“);

Лисијен („Болва во уво“);

Костадинка („Јане Задрогаз“);

Џеси („Добра ноќ мајко“);

Лаура („Татко“);

Лени („Злостори на срцето“) и други.

Како гостин учествувала во проекти на Турската драма и на Драмата на МНТ.

Освен на театарските сцени, активно партиципира во телевизиските и филмски продукции. Од позначајните треба да се евидентираат: Време без војна (игран филм, 1969), Итрата вдовица (ТВ филм, 1969), Ветер во кутивче кибрит (ТВ филм, 1970), Жед (игран филм, 1971), Јад (игран филм, 1975), Исправи се Делфина (игран филм,1977), Оловна бригада,(игран филм,1980), Време, води (игран филм, 1980), Црвениот коњ (игран филм, 1981), Јужна патека (игран филм, 1982), Полноќно сонце(краткометражен игран филм, 1982), Јазол (игран филм, 1985),Тетовирање (игран филм, 1991), Ангели на отпад (игран филм, 1995),Контакт (игран филм, 2005), Сенки (игран филм, 2007). Играла и во телевизиските серии Илинден (1982), На наш начин (1985), Солунски патрдии (1986), Трето доба (1987), Салон Хармони (1998). Освен во македонска, игра во телевизиски серијали и од турската продукција, како што е нејзиното учество во познатата серија Величенствениот (2011-2014).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1i0ikdpkc4hlfD2mZnU

Наводна расправија во Холивуд: Кендал Џенер и Хејли Бибер не ја поднесуваат Сидни Свини

Сцена | пред 5 часа

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 8 часа

toshe-proeski

„Тоше те сакаме сите“: Скопје ќе му оддаде почит на Тоше Проески со голем музички настан

пред 1 ден

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања