#ЏЕТ-СЕТ

Подгответе вкусна посна сникерс бајадера

Објавено на

Подгответе вкусен десерт, сникерс бајадера.

Состојки:
200 мл вода
600 гр шеќер
250 гр маргарин
400+200 гр непечни и несолени кикирики
400 гр мелени бисквити
200 гр чоколадо

Кикириките се потпекуваат во рерна на 200 степени. Се лупат и се сецкаат.

Потоа измешајте ги водата и шеќерот, па ставете ги на оган да провријат. Додадете исечкан маргарин, и мешајте додека да се растопи.

Тргнете од оган и додадете сечкани кикирики и бисквити (половина смелени, а половина ситно искршени).

Соединете ги сите состојки, и се истурете ги во плех со помали димензии на хартија за печење.

Оставете малку да отстои, па направете ја глазурата. Се прелева со растопеното чоколадо и 200 грама кикирики.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version