#ЏЕТ-СЕТ

Поради грешка на продавачот, освоил 2 милиони долари на лото

Објавено на

Американец од Мичиген имал голема среќа на лотарија откако вработен на бензинска пумпа по грешка му го продал добитниот билет за 2 милиони долари, јавува CNN.
Победникот, кој не сакал да биде објавено неговото име, застанал на станица во предградието на Детроит затоа што требало да смени пари за да ги напумпа гумите на возилото на жена му, објави лотаријата во Мичиген.

„Влегов да разменам пари и побарав тикет од 10 долари за Лаки 7. Вработениот по грешка ми го даде оној 20 долари“, вели среќникот во изјавата.

“Тој ми понуди да го заменам, но нешто ми рече да го задржам. Среќен сум што го направив тоа”, додаде тој.

57-годишникот одлучил наеднаш да ја земе наградата, па ќе добие 1,3 милиони долари наместо целосната сума што би му била исплатена на рати.Ќе ги искористи парите, рече тој, да купи нова куќа и остатокот да го остави настрана.

Трендинг

Exit mobile version