Медиасет.мк

Медиасет

Поради повреди и операции на коленото, Федерер стави крај на кариерата – каква судбина го чека Ѓоковиќ?

Новак Ѓоковиќ имаше несреќа на овогодинешниот Ролан Гарос, поради повреда на коленото мораше да се повлече пред четвртфиналето, а во средата беше опериран во Париз.

Бидејќи неговото учество на Вимблдон и Олимписките игри во француската престолнина беше доведено во прашање, Новак брзо реагираше и замина на операција, но повредите на коленото и закрепнувањето може да бидат крајно непријатни.

Оваа ситуација донекаде потсетува на онаа што ја имаше Роџер Федерер кон крајот на професионалната играчка кариера. Во последната фаза од кариерата Швајцарецот имаше многу маки и проблеми, токму поради колената.

Федерер во 2016 година го повреди коленото на навистина бизарен начин – кога се подготвувал да ги капе своите ќерки близначки.

Во септември 2022 година, Роџер доби феноменално испраќање на Лејвер Купот, каде што го одигра својот последен меч во двојки со Рафаел Надал.

Три операции на коленото за релативно краток период беа премногу за тенискиот мајстор од Базел, а сега се надеваме дека нема да се види слична ситуација со Новак.

Треба да се знае дека Федерер во моментот на пензионирање имаше 40 години, додека Новак неодамна го прослави својот 37 роденден. Исто така, Ѓоковиќ долго време важи за еден од физички и психички најподготвените спортисти на планетата, кој вложува многу време и труд во своето тело а веќе со години и посебен режим на исхрана.

Во овој момент не е јасно кога Новак ќе се врати на терените, не е непознато дека се уште има голема желба да се натпреварува и да ги освои најголемите трофеи, а многумина се надеваат дека ќе го видат на Олимписките игри во Париз, каде што сака да го земе златото што му недостасува.

Трендинг

На почеток
error: