Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Поранешен колега на Шумахер проговори за неговата состојба

Медиасет.мк
пред 5 години
sumaher

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, се наоѓа во исклучително лоша состојба, вели неговиот поранешен колега, Филип Стрејф.

„Не знам зошто го држат во таква состојба со години“, рече Филип, поранешниот возач во Формула 1, за Шумахер, кој наскоро се очекува да добие и свој филм.

Изјавата на Филип силно ја загрижи јавноста, која речиси осум години очекува да слушне добри вести за состојбата на Германецот. Јавноста не знае премногу за состојбата на поранешниот возач на „Ферари“, затоа што неговата сопруга Корина не сакаше да открива многу.

Претходно за состојбата на Шумахер проговори и неговиот поранешен шеф, Жан Тод, но и тој не сакаше премногу да зборува во знак на почит кон желбата на неговото семејство.

„Шумахер е во кревет, во многу тешка состојба. Се чини дека има изгубено многу килограми. Не знам кој би сакал да го гледа својот татко или сопруг во таква состојба“, рече Филип, кој го посетувал Шумахер во клиниката во Греноблу, по несреќата.

Шумахер е во тешка состојба, уште од 2013 година, кога се здоби со страшни повреди за време на скијање. Лекарите мораа да го стават и во вештачка кома, за да го одржуваат во живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1i0ikdpkc4hlfD2mZnU

Наводна расправија во Холивуд: Кендал Џенер и Хејли Бибер не ја поднесуваат Сидни Свини

Сцена | пред 4 часа

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 8 часа

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања