#ТРЕНД

Поранешен кошаркар на Црвена звезда почина за време на тренинг

Објавено на

Нигерискиот кошаркар Мајкл Оџо, кој играше на позицијата центар на „Црвена звезда“, почина во Белград на 27 години. Тој имал срцев удар на индивидуален тренинг, потврдија од клубот.

Оџо играше во Србија од 2017 година. Претходно овој месец бил заразен од коронавирусот, но оздравел од болеста и се врати на тренинзите.

Оџо играше за американскиот универзитет Флорида стејт, а во 2017 имаше неуспешен обид да влезе на НБА-драфтот. Затоа почна да игра за српскиот ФМП, а потоа во 2018 година потпиша за Ѕвезда. Со клубот во две сезони одигра 108 меча, со просек од 4.9 поени и 3 скока во сезоната 2018/19.

Трендинг

Exit mobile version