Медиасет.мк

#ТРЕНД

Поранешна мис на светот роди близнаци, по 14 спонтани абортуси

Поранешната Мис на светот Росана Дејвидсон (36) потврди дека родила момчиња близнаци откако претходно имала 14 спонтани абортуси. Манекенката се огласи на својот Инстаграм профил во вторникот и сподели фотографија на која е заедно со нејзините штотуку родени синови Уго и Оскар и сопругот Вес Квирк.

Росана отворно зборуваше во врска со нејзините проблеми со плодноста како и за својата ќерка Софија која минатиот ноември со нејзиниот сопруг ја добија преку сурогат мајка. Лекарите ја советувале дека тоа е нејзината најдобра опција со цел да си ја исполни желбата да стане родител.

Ирската убавица се породи во Даблин и изјави дека со нејзиниот сопруг се пресреќни.

„Туку така, станавме петчлено семејство и сите наши соништа се остварија. Ние сме длабоко благодарни на прекрасниот и вреден тим во болницата за сета нивна љубезност и поддршка“, напиша Росана.

Заблагодарувајќи им се на своите следбеници таа напиша: „Ви благодарам многу за сите ваши прекрасни пораки, коментари, текстови и добри желби.“

Поранешната мисица отворено зборуваше за болката и нејзините четиринаесет загуби во изминатите неколку години, за сите предизвици како и за гестацискиот сурогат.

Росана вели дека нејзиниот лекар не може да понуди медицинско објаснување што се случило со нејзиното тело овој пак и како била во можност да ја одржи бременоста до крај. На своите следбеници, обожаватели и пријатели им порача никогаш да не губат надеж и дека чудата се случуваат.

На почеток
error: