Медиасет

Поранешна стјуардеса откри: Зошто семејствата со деца треба последни да се качуваат во авион

Објавено на

Поранешна стјуардеса откри зошто семејствата со деца би требало последни да се качуваат во авион при патување.Иако многумина избираат рано качување во авионот, поранешната стјуардеса Лора Дејвис смета дека тоа не е секогаш најдобрата опција за родителите со мали деца.Таа на TikTok објасни дека со години гледала семејства кои први се качуваат во авионот, а потоа постепено ја губат трпеливоста уште пред полетувањето.Според неа, комбинацијата од детска нервоза и долгото седење во авионот пред затворањето на вратите создава дополнителен стрес.„Качете се последни, седнете и веднаш полетувате. Привилегијата за рано качување е замка. Со години ја нудев и дури сега го сфаќам тоа“, изјавила Дејвис.Таа посочила дека семејствата кои се качуваат први често поминуваат дополнителни 20 до 30 минути врзани за седиштата додека останатите патници влегуваат во авионот, што кај децата брзо создава немир и раздразливост.Нејзиниот став предизвика дебата на социјалните мрежи, бидејќи дел од родителите ја бранеа практиката на порано влегување во авионот.Како што пренесува New York Post, расправата е дел од поширок тренд на преиспитување на правилата и навиките во јавните простори. Иако авиокомпаниите им даваат предност на семејствата со деца, сè повеќе патници сметаат дека тоа не е секогаш најдобро решение.Експертите за патувања со деца советуваат родителите добро да се подготват за летот, да понесат грицки и играчки, како и да разговараат со децата за патувањето како за возбудлива авантура.

Трендинг

Exit mobile version