Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Поранешниот британски тенисер Рудески: Вимблдон беше последната голема шанса на Ѓоковиќ за 25. гренд слем

Медиасет.мк
пред 4 месеци
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Поранешниот британски тенисер Грег Рудески смета дека овогодишниот Вимблдон можеби бил последната голема можност Новак Ѓоковиќ да ја освои својата 25. гренд слем-титула.

Ѓоковиќ настапот на Вимблдон го заврши во полуфиналето, каде што беше поразен од Јаник Синер.

„Сега ќе му биде потребна многу повеќе среќа. Мислам дека отсуството на Карлос Алкараз од Вимблдон беше голема шанса за него. Влијание имаше и мечот против Феликс Оже-Алијасим, по кој остана без доволно енергија, а Синер одигра извонредно во полуфиналето“, изјави Рудески.

Тој додаде дека не е сигурен дали српскиот тенисер ќе успее да стигне до рекордната 25. гренд слем-титула.

„Не знам дали ќе ја освои 25. гренд слем-титула. Мислам дека ова веројатно беше неговата последна шанса. Но, нека продолжи, бидејќи во тенисот се случувале и почудни работи“, рече Рудески.

Според него, најголемата пречка за Ѓоковиќ е физичката подготвеност.

„Не знам дали физички ќе биде доволно подготвен. Тоа е главното прашање. Ментално е на исто ниво со најдобрите, но едноставно нема доволно енергија за да ја мине последната пречка. Треба во неколку дена по ред да ги победите двајцата најсилни тенисери на турнирот. Сепак, имам голема почит кон него и ако ја освои 25. гренд слем-титула, со задоволство ќе признаам дека сум погрешил“, истакна Рудески.

И покрај поразот на Вимблдон, Ѓоковиќ напредуваше на АТП-листата и моментално се наоѓа на седмото место во светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh205c0hfl2fs8CaqvRw

Сивата и бордо бојата се најпосакуваниот моден спој оваа есен

Трендови | пред 1 седмица

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 2 седмици

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 3 седмици

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања