Комплетно нов под се постави во средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“ во Охрид. На ходниците и скалите во училишната зграда целосно се поставија нови плочки и огради на скaлите. Севкупанта сума за изведување на овој зафат изнесува 1 700 000 денари.
Дополнително, денес, започна да се асфалтира подлогата на спортските терени и дворното место. После завршување на овој зафат, започнува поставувањето на спортските реквизити и оградувањето со зажтитна мрежа на спортското игралиште. Средствата одвоени за оваа намена изнесуваат 7 000 000 денари.
Изминатиов период заврши и поплочувањето со бехатон плочки на платото од школото. Со завршувањето на зафатите кои се во тек во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ , значително се подобруваат условите како за учениците така и за наставниот кадар и администрацијата, а дополнително училиштето добива еден современ и урбан лик.