Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

Повторно на камера снимен рис на Галичица

Единка на загрозениот вид Балкански рис по втор пат е регистрирана на една од камерите поставени во Националниот парк „Галичица”.

Животното е фотографирано од камера-замка која е поставена во рамки на истражувањата кои се спроведуваат во Преспанскиот регион со проектот „Прекугранична заштита на регионот Преспа”.

Рисот децении наназад воопшто не беше забележан во паркот. Единка на рис за прв пат беше забележана на Галичица минатиот месец, благодарение на опремата која беше инсталирана во Националниот парк во близина на центарот за репродукција на европски елен.

 

На почеток
error: