Студиото „Ворнер Брос“ повторно го одложи објавувањето на филмот Wonder Woman 1984. Филмот требаше да има премиера во мај, но заради короната таа беше преместена за 2 октомври. Сега премиерата е закажана за 25 декември.
Филмот, во кој главните улоги ги играат Гал Гадот и Крис Пајн, првиот дел го имаше 2017 година. Тогаш заработи 822 милиони долари ширум светот. Во второто продолжение, се појавуваат и Педро Паскал и Кристен Виг.