Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Пожарот над Галичник ставен под контрола

Медиасет.мк
пред 5 години
mkd-507942

Драги галичани, пожарот е под контрола. Според последните информации, нема опасност за имотите и куќите. Денеска интервенираа НП Маврово, Центар за управување со кризи, Противпожарните бригади од Дебар и Гостивар, амбулантно возило Гостивар, хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија, локално население и екипи и возила на Коњички клуб Шерпа, се вели во објавата на МЗ Галичник на ФБ.

Во продолжение на истата се додава:

Вечерва во Галичник имаме гости - специјална единица на Армијата, кои се присутни за поддршка доколку состојбите станат критични и се појави потреба од интервенција. Посебна благодарност до нив!

На Укален се гаснат последните остатоци од пожарот. Утре наутро се најавени летови за гаснење со двата армиски хеликоптера.

Електричната енергија е сѐ уште во прекин и ќе биде повторно пуштена откако ќе се извршат потребните проверки. Ќе информираме дополнително.

Огромна благодарност до сите вклучени во денешната акција!

 

Инаку Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар над с. Галичник, околу 13.30 часот, координираше со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја извести и Армијата, којашто испрати еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и за заштиа на Галичник. ЦУК истовремено координираше и да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж. Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.

Според последнта информација, опасност не постои по куќите од село Галичник, од страната на шумскиот пожар. Согласно развојот на настаните, во координација со ЦУК, бараниот и обезбеден армиски хеликоптер со опрема за гаснење пожар, во Галичник стигнал најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот бил принудно приземјен на најблиско можно место до Галичник. Екипажот бил подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар. На крајот од денот, хеликоптерот бил вратен во армиската база во Скопје. Во селото Галичник, за негова заштита од шумскиот пожар, се присутни Територијалната противпожарна единица од Дебар (ТППЕ) со едно ПП возило, неколкумина припадници на МВР, од Национаниот парк „Маврово“ и самоорганизирани луѓе од месното население. Се очекува вечерва од Општина Тетово, во координација со РЦУК Тетово, да пристигне и да биде во приправност и специјално мало противпожарно теренско возило токму за шумски пожари и тим пожарникари со конкретна рачна опрема за гаснење шумски пожари.

Шумскиот пожар, заради засилениот ветар, претставувал потенцијална опасност за селото, но истовремено  бил опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и зафатил борова шума. Во координација со ЦУК се регионалните центри за управување со кризи РЦУК Охрид, РЦУК Дебар, РЦУК Гостивар и РЦУК Тетово, коишто на локално ниво координирано ги известуваат опшините, одговорните институции и претпријатија за гаснење пожари. Општина Маврово-Ростуше испратила, според правилата, на време официјално барање за хеликоптерска помош за гаснење пожар на непристапен терен.

Центарот за упрување со кризи (ЦУК) денеска, исто така, ги координира и активностите за шумскиот пожар во Беровско од вчера, којшто за сега не претставува опасност по населени места иако е се уште активен. Конкретно, командирит на Територијалната противпожарна единица, ТППЕ-Берово, кој е на лице место и не информира дека пожарот што избубнал вчера (на ден 01.05.2021) во 17:00 часот, каде што е зафатена сува трева, папрат и нискостеблеста шума (прнар) во атарот на с. Русинов на м.в. „Петлац“. Од силниот ветар пожарот се проширува. ТППЕ - Берово се на терен се со 1 теренско возило и три (3) пожарникари, и од локалното шумско стопанство, ШС „Малеш“, се на местото на настанот со три (3) теренски возила и 15 вработени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 23 часа

media-librarya0es0l2d6rsdet70k9l

Грешки што многумина ги прават при реновирање на бањата

Трендови | пред 1 ден

media-library5cdruugr43ib6PQStpG

Киселкаста, но хранлива: Откријте ги придобивките од аронијата

Трендови | пред 1 ден

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања