Медиасет
Познати гостите на концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ: Пајак, Тони Зен, Џус и уште многу на иста сцена
До еден од најочекуваните музички настани оваа сезона, концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, останува уште само еден месец – ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“.Двајцата музичари, кои одбележаа цела една ера на македонската сцена, на големо се подготвуваат за концертот кој ќе биде исполнет со хитови, носталгија, емоции и врвна продукција.Јован и Елвир и претходно најавија неколку музички гости, а сега ги открија и нивните имиња – на сцената со нив ќе се појават и Пајак, Тони Зен, Маја Саздановска, Адријан Гаџа од Македонија, а од регионот Слаѓа Делибашиќ и Џус, но и специјален гостин-изненадување (чие сценско име почнува на буквата В).Концертот е замислен како „Сензација во бело“, а Јован и Елвир се надеваат дека публиката ќе го следи дрес-кодот на вечерта и ќе дојде облечена во бела гардероба за уникатна визуелна атмосфера.