#ТРЕНД
Прамен од косата на Линколн продаден за 81.000 долари
Прамен од косата на поранешниот американски претседател Абрахам Линколн, заедно со крвавата телеграма за неговиот атентат од 1865 година, е продаден на аукција за 81.000 американски долари, објави аукциската куќа РР со седиште во Бостон. Нема информации за купувачот.
Праменот од косата на поранешниот американски претседател, долг пет сантиметри, му го исекол лекарот што го прегледал телото по неговиот атентат непосредно откако актерот Џон Вилкс Бут смртно го ранил во театарот „Форд“ во Вашингтон за време на претстава.
Историчарите тврдат дека телеграмата е значајна бидејќи ја побива теоријата дека тогашниот воен секретар Едвин Стантон планирал да го убие Линколн поради нивните лични и политички несогласувања. Временската марка на испратницата покажува дека ноќта кога Абрахам Линколн бил убиен воените телеграфски линии функционирале.
Речиси 150 години по неговата смрт, Линколн е легендарна фигура во очите на многу Американци. Анкетите покажуваат дека повеќето жители на САД, заедно со Џон Кенеди, го сметаат за најголем американски претседател.