Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Предлогот на Георгиевски ќе ја спречи т.н. „Урбана мафија“ да ги изигрува и градот и купувачите на станови

Медиасет.мк
пред 5 години
kosta-9

Со денешната одлука на Советот на Општина Охрид, донесена по предлог на градоначалникот Константин Георгиевски, а поддржана од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ конечно по деценија свесно или несвесно оставена можност да се манипулира со паркинзите на зградите, се става крај на ова изигрување на законот кое го правеа грдежните компании кои во Охрид со децении се познати под црниот бренд „Урбана мафија“.

За граѓаните поедноставно да сфатат што е тоа што денес се изгласа ќе појасниме со еден прост пример.

Доколку една зграда за треба да има 40 места за паркирање автомобили, инвеститорите во документацијата за добивање на дозвола ќе поднеселе проект со кој обезбедуваат 20 места за паркинг, и уште 20 места ќе ги обезбедат со дигалки за автомобили, т.е. опрема која од едно паркинг место прави две места со тоа што едниот автомобил ќе стои подигнат на дигалката. Со ова инвеститорите и градежниците избегнуваа да градат (а некогаш да копаат под земја) двојно поголема површина за паркинг, но дигалки во зградите кои ги изградија и продадоа никогаш не поставија со што изигрувајќи го законот заштедуваат пари за копање на паркинг на две нивоа , а заштедуваат пари бидејќи не поставуваат дигалки ( ни една зграда во Охрид нема дигалка ), а со тоа ги изигруваат и тие кои купиле станови во овие згради , поточно станарите кои не се ни свесни дека се измамени. Новата одлука донесена денес става крај на ова и ги спречува градоначалниците на Охрид во иднина да даваат дозвола доколку во проектот не се предвидени паркинг места и забранува воопшто да се планираат дигалките кои никој никогаш не ги инсталира во ни една зграда, а станарите купуваат станови во згради за кои се предвидени дигалки.

ОВА ИЗИГРУВАЊЕ СЕ ПРАВЕЛО ВО ВЛАСТИТЕ НА СДСМ И ВМРО ДПМНЕ ВО МИНАТОТО

Како кокетирале досегашните градоначалници од двете партии со години наназад и зошто никој до денес кога по предлог на Константин Георгиевски од втор обид се изгласа оваа одлука јавноста може да шпекулира, но институциите треба да проверат дали постоеле коруптивни елементи помеѓу градежниците ( познати под црниот бренд „Урбана мафија“ ) и градоначалниците кои се менуваа низ годините наназад. Станарите пак се оштетени бидејќи купувале станови во згради кои добиле одобрение за да имаат инсталирани дигалки, но во Охрид не постои зграда со дигалка, што пак го отвора прашањето дали станарите можат да тужат и да добијат или оштета или дигалка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 14 часа

media-libraryrcmu5a4ka6ubezdf0bp

Без кафе неколку дена: Што се случува со телото и колку трае одвикнувањето?

Трендови | пред 16 часа

media-libraryd1qbr9vf7nv10IUF8hO

„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност

Трендови | пред 2 седмици

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања