Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Претседателот на ФИФА испрати честитка до Аргентина по финалето

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S
ФИФА/фб

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, испрати писмо со честитка до претседателот на Фудбалската асоцијација на Аргентина, Клаудио Тапија, во кое го пофали настапот на аргентинската репрезентација на големиот турнир, иако „гаучосите“ останаа без трофејот по поразот од Шпанија со 1:0 во финалето.

Во пораката, објавена на официјалната интернет-страница на аргентинската федерација, Инфантино истакна дека Аргентина со своите настапи дала значаен придонес турнирот да биде успешен и да привлече милиони љубители на фудбалот ширум светот.

„Брилијантната игра на Аргентина беше клучна ова првенство да стане извонреден настан што привлече милиони навивачи. Искрено им честитам на играчите, селекторот Лионел Скалони, стручниот и медицинскиот штаб, како и на сите навивачи кои го поддржуваа тимот во текот на турнирот“, порача Инфантино.

На крајот од писмото, првиот човек на ФИФА, кој со Тапија соработува и во Советот на организацијата, изрази надеж дека наскоро повторно ќе се сретнат.

Сепак, честитката доаѓа во период кога Аргентина се соочува со можни дисциплински мерки. ФИФА веќе отвори постапки поради инцидентите по финалниот натпревар, како и поради транспарентот што аргентинските фудбалери го истакнаа по победата над Англија во полуфиналето, на кој пишуваше: „Малвините се аргентински“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 5 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 5 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања