#ЖИВОТ
Причини поради кои привлекуваме негативна енергија
Дали понекогаш се чувствувате заглавено и заробено во маѓепсан круг од кој не можете да излезете? Работите во вашиот живот се добри, немате многу за што да се жалите, но сепак има нешто коешто не ве остава на мир.
Понекогаш со себе носиме негативни енергии без воопшто да знаеме за тоа. Негативните енергии се тешки и напорни и согласно на тоа ќе испуштате такви вибрации.
Прочитајте за 5-те начини поради кои привлекуваме негативна енергија!
Имате потреба постојано да победувате или да бидете во право
Постојаната желба да се борите или да се натпреварувате за да ја докажете вашата моќ, талент или знаење е неавтентична. Овие квалитети треба да се гледаат самите по себе, а не да ги наметнувате.
Се борите со тоа да ги контролирате сопствените чувства и нивниот интензитет
Луѓето забележуваат кога вибрациите на другите луѓе се ниски или не штимаат. Ако постојано ги менувате расположенијата или чувствата, вашите вибрации ќе паднат.
Постојано ја префрлате вината на другите
Постојаното бегање од одговорност и префрлање вина на другите нема да ви помогне во ниту еден аспект, напротив!
Прво кажувате, а потоа размислувате
Секогаш промислете ги вашите зборови пред да ги кажете, затоа што во спротивно, може да создавате негативна енергија без воопшто да бидете свесни за тоа. Внимавајте на тоа што зборовите значат за другите пред да ги изговорите.
Не го правите тоа што го сакате
Пронаоѓањето на својата страст може да биде навистина тешко, но ако не ги правите работите кои ги сакате, тогаш само си правите штета на самите себе, на вашата психа и на вашето расположение. А со тоа, таа енергија ја префрлате и на другите.