Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Принцот Џорџ има само 11 години и учи да управува со авион: Кејт и Вилијам го гледаа првиот лет

kejt

Принцот Џорџ (11) минатата недела уживал во својот прв лет со авион, кој го управувал со помош на инструктор.

„Тој го сакаше тоа. Ова е вистинско време за почеток“, изјави еден од работниците на аеродромот Беркшир.

Неговите родители, принцот Вилијам и принцезата Кејт гордо го гледаа неговиот прв лет од земја.

„Тие беа во клубот и го гледаа. Цело време беа многу опуштени. Имаше околу 30 луѓе таму“, рече тој.

Целата авантура траеше околу еден час. Овој настан беше „вистинско уживање“ за Џорџ на последниот ден од летниот распуст пред почетокот на новата учебна година.

„Тој има само 11 години, но ова е вистинско време за почеток“, рече работникот.

Британското кралско семејство има долга традиција на летање, а Џорџ се чини дека оди на тој пат.

На истиот аеродром, прадедото на Џорџ, принцот Филип, научил да управува со авион некогаш одамна.

Аеродромот Беркшир е на 20 минути возење од замокот Виндзор, каде што живее семејството.

Неговиот татко Вилијам е исто така обучен пилот кој во мај беше назначен за главен полковник на Воздухопловниот корпус на британската армија од кралот Чарлс.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
lila-naslovna-2

Лила Филиповска во црна елегантна комбинација прошета низ улиците на Париз

пред 6 часа
media-libraryhbsnr9d9n3q08MPasHf

„Дознав нешто страшно и ставив крај“ – Зоран Бирташевиќ откри зошто го прекинал пријателството со Јелена Карлеуша

пред 7 часа
media-library12f9odd1fthe74ZN88w ВИДЕО

(Видео) Ги слушале тинејџери, а со „Ѓурѓо“ стигнале до повозрасна публика – Стефан за пресвртот на „Некст тајм“

пред 7 часа
media-library3qr95r8a0s1h2gnCYkR

Бритни Спирс ги призна своите грешки и жали за јавните обвинувања кон семејството

пред 10 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања