Медиасет.мк

#ТРЕНД

Принцот Хари во Лондон, првпат по контроверзното интервју кај Опра


„Ворнер брос пикчрс груп“, една од најголемите филмски компании во светот, продолжува да докажува дека нејзинта стратегија на хибридни премиери во киносалите и на стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ се исплати.

„Годзила против Конг“ постави нов рекорд среде пандемија.

Чудовиштето од „Ворнер брос“ е официјално филм со најголема заработка во ерата на Ковид-19 на домашните киноблагајни завршувајќи во петокот со вкупно 60 милиони долари. Го престигна дотогашниот шампион „Тенет“ (58,2 милиони долари).

На глобално ниво „Годзила против Конг“ веќе заработи речиси 300 милиони долари ставајќи се на пат да ги надмине 363-те милиони долари на „Тенет“ во светски рамки некаде следната недела.

Минатата недела филмот со џиновското суштество го забележа најголемото деби од почетокот на  пандемијата, со 28 милиони долари за три дена (се отвори во средата, 31 март) и 31,6 милион долари за време на викендот.

На високобуџетскиот блокбастер му беа потребни само две недели да стане филм со најголема заработка за време на пандемијата на Ковид-19.

Godzilla vs. Kong, всушност, додаде 20 киносали од својот дебитантен викенд, што значи дека се прикажа во 3.084 кина.

RelishMix исто така објави дека филмот има голем напредок во активноста на социјалните мрежи, со над 500.000 нови претплатници за канали на „Ворнер брос“.



Трендинг

На почеток
error: