Медиасет.мк

#ТРЕНД

Принцот Вилијам криел дека бил заразен со коронавирус

Принцот Вилијам криел дека бил заразен со коронавирус, пренесуваат британските медиуми. Откако во јавноста беше објавено дека во земјата започнал вториот бран на коронавирус, кој експертите веруваат дека ќе трае до 2 декември, на површина исплива веста дека внукот на кралицата, уште во април го преоболил ковид 19.

Близок извор до кралсктото семејство за „Сан“ открива дека во тој период бил заразен и премиерот Борис Џонсон, па затоа кралското семејство не сакало да крева дополнителна паника во јавноста.

„Вирусот го погоди прилично јако. На почетокот беше шокиран, затоа што беше млад и во топ форма, а во една фаза имаше проблем и се мачеше со дишењето. Крена голема паника во семејството. Со оглед на тоа што и самиот почувствува како вирусот може да биде незгоден, тој ја поддржува одлуката за целосно заклучување на земјата“, открива изворот.

Деталите за неговата состојба засега не се познати, а во јавноста се очекува дека наскоро и самиот принц ќе се огласи и ќе ги каже деталите. Медиумите пренесуваат дека јавноста е заинтересирана да знае дали и неговата сопруга Кејт Мидлтон и нивните деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и малиот принц Луис, исто така се заболени од вирусот ковид 19.

За разлика од Вилијам, неговиот татко Чарлс имал многу поблаги симптоми. Каде се заразил, од палатата не можат да потврдат, затоа што недела дена пред позитивниот тест, Чарлс имал голем број на јавни настапи и обврски. Тогаш се тестирала и неговата сопруга Камила, чиј тест бил негативен. Чарлс некое време бил во самоизолација во двороецот Балморал и така ја избегнал можноста за средба со остатокот од семејството и неговата мајка, кралицата Елизабета, која поради годините, спаѓа во ризичната група.

Трендинг

На почеток
error: