Медиасет
Принцот Вилијам виден со љубовница?
Светската јавност будно ги следи случувањата во британското кралско семејство.
Кралското семејство се најде во центарот на вниманието откако на кралот Чарлс му беше дијагностициран рак, а потоа и поради операцијата на Кејт Мидлтон, поточно нејзиното закрепнување, за кое ништо не се знае.
Омилената принцеза последен пат беше видена на 25 декември, а откако многумина се загрижија за нејзината состојба, имаше многу шпекулации.
Последна во низата скандали е фотошопираната фотографија за Денот на мајката, која набрзо беше повлечена, а Палатата уште еднаш беше предупредена дека за да се врати довербата, би било добро барем на кратко да се појави принцезата од Велс. .
За да се отстрани секој сомнеж, Кејт наводно била видена во автомобил со Вилијам пред замокот Виндзор. Но, откако веќе беше видена со нејзината мајка, за која многумина мислат дека е нејзината сестра Пипа, овојпат луѓето се уверија дека Вилијам бил со Сара Роуз Чолмондели, за која веќе десет години се шпекулира дека е негова љубовница.
Она што ги натера сите да заклучат дека се работи за измама е впечатлив детал на лицето на Сара.