Медиасет.мк

#ТРЕНД

Принцовите Вилијам и Хари со одделни изјави за нивниот дедо


Кралските браќа ја пофалија напорната работа, карактерот и смислата за хумор на нивниот починат дедо во одделни изјави објавени во понеделникот.

Вилијам, војводата од Кембриџ, втор во редот за наследување на британскиот трон, му оддаде почит на војводата од Единбург, опишувајќи го како извонреден човек од извонредна генерација.

„Животот на мојот дедо го дефинираа службата и посветеноста – кон неговата земја и Комонвелтот, кон неговата сопруга кралицата и кон нашето семејство“, напиша тој.

„Мојот дедо беше извонреден човек и беше дел од извонредна генерација. Ќе ми недостасува, но знам дека тој би сакал да продолжиме со работа,“ истакна принцот Вилијам, додавајќи дека секогаш ќе биде благодарен што неговата сопруга Кејт имала можност да го запознае.

Во одделна изјава објавена половина час подоцна, и принцот Хари се потсети на својот дедо, опишувајќи го како човек со автентична, сериозна и остра духовитост. „Тој можеше да го задржи вниманието на секого поради неговиот шарм – и исто така затоа што никогаш не знаевте што ќе рече следно.“

„Меган, Арчи и јас (како и твојата идна правнука) секогаш ќе имаме посебно место за тебе во нашите срца“, додаде Хари, кој веќе пристигна во Велика Британија.

 

Ова е враќање дома што тој никогаш не би го посакал, но принцот Хари се врати во Велика Британија нешто повеќе од една година откако замина, за погребот на својот сакан дедо, војводата од Единбург, што ќе се одржи оваа сабота во замокот Виндзор.

Поради строгите правила за Ковид-19 за сите кои патуваат, Хари ќе остане во изолација во наредните денови.

Неговата сопруга војвотката Меган Маркл останува во нивната куќа во Монтесито во Калифорнија. Нејзините лекари ја советувале дека не е безбедно да лета, бидејќи остануваат само неколку месеци пред да го роди второто дете, сестра за Арчи Маунтбатен-Виндзор.

Војводата од Единбург, сопруг на кралицата Елизабета Втора, почина во петокот само неколку месеци пред неговиот 100-ти роденден.



На почеток
error: