Медиасет

Притвор за лицето кое е осомничено за палење на автомобилот на Бака Прасe

Објавено на

Вишиот суд во Белград определил притвор до 30 дена за Зоран Р. (23), осомничен дека заедно со, засега, непознати лица, на 16 февруари на штета на Б. И. извршил кривични дела изнуда во обид и предизвикување општа опасност.Српското министерство за внатрешни работи претходно соопштило дека Зоран Р. е осомничен дека на 16 февруари во 3:26 часот во Белград, на улицата Херцеговачка, намерно предизвикал пожар на возило марка „мерцедес G 800 брабус“ во сопственост на Богдан Илиќ, познат како Бака Прасe.Притворот му е определен за да не влијае врз сведоците и да не го повтори кривичното дело во краток временски период, соопшти судот.На сослушувањето пред јавниот обвинител, осомничениот се бранел молчејќи, соопшти претходно Вишото јавно обвинителство во Белград.

Трендинг

Exit mobile version