#ЏЕТ-СЕТ
Пролетно чистење на домот според фенг шуи
Со завршувањето на зимата следува периодот кога започнува нова фенг шуи филозофија, т.н. „пролетна рамноденица“. Тоа значи дека ја напуштаме ладната, темна и пасивна „јин“ енергија и се префрламе на балансираната, светла, топла и активна „јанг“ енергија.
Ова се неколку работи кои треба да ги направите во вашиот дом оваа пролет.
Исчистете ја кујната
Исфрлете ги сите расипани работи од фрижидерот, исчистете го детално шпоретот и сите садови со кои готвите. Исчистете ги фиоките во кујната, сите површини и така ќе создадете нова патека за силниот Чи да тече и да ја храни вашата енергија.
Избришете ги прозорците
Многумина од вас го занемаруваат чистењето на прозорците, меѓутоа овој мал чекор ќе направи голема разлика во вашиот дом.
Погледнете под својот кревет
Креветот е симбол на нашата енергија, а многу често забораваме да го исчистиме. Собирањето прашина под креветот ќе ве заштити од ширење на бактерии и ќе ја подобри вашата енергија.
Средете го вашиот плакар
Според филозофијата на фенг шуи, доколку вашиот плакар е полн со ствари, тоа се рефлетира на вас со немање доволно простор во вашиот живот да прифатите нови работи. Поради тоа исфрлете ги сите непотребни работи, заменете ја зимската гардероба со пролетна, а дел од работите складирајте ги внимателно во кутии.
Средете ја градината
Побарајте креативни идеи како да ја уредите вашата градина, купете ново цвеќе и грижете се за зелените површини. Ќе се чувствувате многу подобро.