Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Пронајдени делови од стаорци во пакувања леб во Јапонија

leb

Голем јапонски добавувач на храна повлече повеќе од 100.000 пакетчиња од популарната марка на исечен бел леб, откако во некои од нив беа пронајдени делови од стаорци. Корпорацијата Паско Шикишима во средата објави дека истражува како делови од глодарот завршиле во две пакувања леб.

Таа додаде дека нема пријавени случаи на заболување по консумирањето на нивниот леб, кој го произведува фабрика со седиште во западната префектура Токио. „Ќе ги повлечеме наведените производи и ќе ја запреме производната линија за да ја утврдиме причината и да спроведеме контрамерки“, се вели во соопштението.

Компанијата има намера да повлече од пазарот околу 104.000 пакувања леб. „Повлечениот производ не се продава на меѓународно ниво“, изјави портпаролот на компанијата за CNN. Паско, основана во 1920 година, е главен снабдувач на пекарски производи и вработува повеќе од 3.700 работници во 12 фабрики низ целата земја.

Ова не е единствениот инцидент со храна во последната година. Во март, јапонските здравствени власти отповикаа три додатоци во исхраната од Kobayashi Pharmaceutical, голем производител на лекови, по неколку смртни случаи. Минатиот август, добавувачот на храна Варабеја Ничијо пронашол лебарки во топчиња од ориз, продадени во продавница 7-Eleven во Саитама, северно од Токио.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Вирално

Сите →
media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Хакерски напади низ Европа: украдени 100 милиони евра, парализирани болници и банки

пред 13 часа
media-librarydi38upvdqccleEeby1u

„Ќе ти се врати како бумеранг“: Карлеуша ја прозва Северина поради петицијата во Тузла

пред 13 часа
media-libraryk1nhuj12of562eYWAka

Жените добиваат исто право како мажите: Во германски град се дозволува капење без горен дел од костимот

пред 19 часа
media-librarycbnh1d2epppp6dTR84A

Се враќа хит-криминалистичката серија „MobLand“: Почна снимањето на третата сезона

пред 1 ден
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања