Медиасет.мк

Медиасет

Прошета во проѕирен фустан без градник и предизвика мешаница

Познатата Албанка, која навикнавме гордо да го покажува своето тело, не разочара ниту овој пат.

Пејачката Рита Ора го зазеде централното место на настапот Girls Aloud поради нејзиниот храбар стајлинг. Таа беше облечена во проѕирен светкав фустан, но овој пат без градник.

Градите на популарната пејачка беа во преден план и таа воопшто не се трудеше ништо да сокрие. Напротив, таа беше весела и им позираше на фотографите со раширени раце.

Долгиот фустан под кој имала само гаќички го искомбинирала со црни чизми и црна чанта на рамо, а по потреба имало и кожна јакна со реси. Косата ја обликуваше во лабави брановидни прамени, а шминката и беше во поприродни тонови, воопшто не агресивна.

Таа дојде во придружба на нејзиниот сопруг Таико Вејтити, со кој најчесто се појавува на големите настани, па беше во „сигурни раце“.

Таа во еден момент се расплака поради споменот на починатиот член на споменатата група, на кого пејачите и присутните на концертот му оддадоа почест, па сопругот ја утеши и смири.

Трендинг

На почеток
error: