Медиасет.мк

Медиасет

Прв пораз за Синер оваа година

Јаник Синер го доживеа првиот пораз сезонава во Индијан Велс.

Додуша, не во сингл туку во двојки, а партнер му беше колегата од Дејвис куп тимот на Италија, Лоренцо Сонего.

Италијанската комбинација загуби од Марсело Гранољерс од Шпанија и Орасио Себаљос од Аргентина со 7:6 (0), 6:3.

Ова беше прв настап на Јаник во двојки на турнир од минатата есен кога играше со Алекс де Минор во Пекинг.

Сепак, поважно е осминафиналето во сингл со Американецот Бен Шелтон.

Сезонава има скор од 14-0, а ако се погледне крајот на минатата година е непоразен на последните 17 натпревари.

„Во моментов играм со голема самодоверба, но на некој начин сум и многу претпазлив, бидејќи натпреварот лесно може да се преврти“, изјави Синер.

Следната вечер од 02:00 часот по средноевропско време на програмата е дуелот меѓу Шелтон и Синер.

Трендинг

На почеток
error: