#ЖИВОТ
Прв Велигден без Коби и Џиџи, Ванеса објави емотивно видео од ќерките
Ванеса и ќерките го прославија првиот Велигден без ќерката Џиана и сопругот Коби, кои на 26-ти јануари загинаа во страшна хеликоптерска несреќа.
За да ја разбуди велигденската атмосфера, Ванеса сподели видео во кое 3-годишната ќерка Бјанка си игра со големо декоративно велигденско јајце, а веднаш до неа седи 9-месечната Капри.
„Велигденски подароци! Бјанка и Капри“, стои во описот на видеото.
Сопругата на кошаркарот постојано ги користи социјалните мрежи да им оддаде почит на загинатите Коби и Џиана, споделувајќи сеќавања, но и постхумните достигнувања на Коби, како неговото вклучување во Naismith Memorial Basketball Hall of Fame и објавувањето на неговата книга The Wizenard Series: Season One.