МВР поднесе кривични пријави против седуммина скопјани поради инцидентот и пукањето кои неодамна се случија на платформата за чамци кај кањонот Матка. Според нив најпрво имало физичка пресметка, а потоа еден од пријавените испукал еден проектил кон сопственикот на платформата. Но, сепак тоа било само пиштол за светлосно-звучна сигнализација како што велат од МВР. Во продолжение дел од коментарите на социјалните мрежи:
Не бе тоа е пиштолот шо се користи за нетпревари во пливање на Матка.
— Skopskiot (@Skopskiot) June 3, 2020
Пукаат нагоре со пиштолот за поубаво да се види пештерата со кајчето додека ги возат туристите.
— Emilijano (@EmilijanoJ) June 3, 2020
Пукањето на Матка било од пиштолче на вода.
— v0ki (@voyoob2) June 2, 2020
Само отсјај било. pic.twitter.com/gzZ6Z2ffqN
— Seir MK (@Seir_mk) June 2, 2020
Епа сигнален, да се означи старт на турата со кајчето.
— Oliver P. 🇲🇰🇺🇳🇺🇸🇯🇵🇪🇺🇬🇧🇰🇿🇰🇬🇮🇱 (@datarudari) June 2, 2020
Од отсјајот се гледа дека е сигнален.
— Highway patrol (@Highwaypatrol5) June 2, 2020
Го видов другар ми, викав по него, не ме слушна, мафтав, не ме виде.
Па морав да пукам еднаш со сигнален пиштол, не сакав да се разминеме 👇👇👇https://t.co/4Ygb0zAM8i
— Joker (@TheNewTweetGuy) June 2, 2020
На Матка со сигнален пиштол се означила борбата за кајаци
— Beba (@mufljus) June 2, 2020
И тоа детски, со висок сјај па прави отсјај.
— Грејт Маниту (@FireWaterMe) June 2, 2020
Сигналниот пиштол ви праќа сигнал.
— /- (@Aleksandermen) June 2, 2020
https://twitter.com/Strumfot/status/1267786619517616130