Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Медиасет.мк
пред 1 час
media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Британскиот комичар Расел Бренд изјави дека обвинувањата за силување и сексуален напад му го промениле животот и дека неговите пријатели не сакаат да имаат ништо со него. Тој го кажа ова пред судот во Лондон, каде што продолжува судењето против него.

Бренд сведочеше дека не успеал да убеди ниту еден близок пријател да се појави како сведок во негова одбрана откако во 2023 година јавно беа објавени обвинувањата за кривични дела против жени. На прашањето како тие влијаеле врз него, одговорил дека последиците биле „погубни“.

Тој се изјаснил за невин по три обвиненија за силување, три за сексуален напад и едно за недозволени полови дејствија. Случаите се однесуваат на шест жени и на настани за кои се тврди дека се случиле во периодот од 1999 до 2009 година, пренесува „Мирор“.

Бренд изјавил и дека не се сеќава на жените што го обвинуваат ниту на настаните наведени во обвинението. Според неговото сведочење, по објавувањето на обвинувањата му бил забранет пристапот до болницата „Грејт Ормонд стрит“, каде што во тој период бил хоспитализиран неговиот болен син. Тој посочил дека за забраната биле известени тој и неговата сопруга Лора, но дека не им била наведена конкретната правна основа.

Одговарајќи на прашања за бракот со пејачката Кејти Пери и промените во неговиот живот, Бренд рекол дека во тој период стекнал „неверојатна слава“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 20 часа

tea-tairovik

„Стомакот ми беше полн со крв“: Теа Таировиќ откри низ што поминала пред операцијата

Сцена | пред 1 ден

media-libraryofvdnehml7ih75cYv1X

На 91-годишна возраст почина ѕвездата на „Ѕвездени патеки“ Волтер Кениг

Сцена | пред 1 ден

media-libraryq2bhq3u5kem75n0zC0j

Македонскиот модел Бојана Нушкова позираше во ковчег за новата фотосесија

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања