#ТРЕНД
Раста ја нападна поранешната сопруга: Мајка си, не смееш да ги затвораш кафеаните!
Познатата пејачка Ана Николиќ неодамна беше фотографирана како во рани зори излегува од една белградска кафеана. Тие фотографии ги виде и нејзиниот поранешен сопруг, раперот Раста, кој е татко на нивната ќерка Тара, па одлучи да ѝ одржи лекција.
„Кога ја виде во медиумите, ѝ се јави и сешто ѝ изнакажа. Беше многу лут и бесен на неа. И’ посочи дека е мајка и дека не смее да дозволи да ја прозиваат дека пие и дека ги затвора кафеаните. Ана прво се правдаше дека заседнала со другарките и дека загубила осет за времето бидејќи таа вечер Тара била кај него. Меѓутоа, кога сфати дека Раста сепак претерува, само му подвикна дека и тој треба да внимава како се однесува и прекина секаква дискусија со него, па и тој се смири“, вели извор близок на популарниот рапер