#ТРЕНД
Раста: Музиката на Ана Николиќ ми беше селска
Српскиот рапер и продуцент Раста, неодамна гостуваше во емисијата „Балканска улица“. Таму, тој зборуваше за кариерата, но и за соработката со поранешната жена Ана Николиќ.
„Сега возам бе-ем-ве од 130.000 евра. Ама да бидам искрен, никогаш не мислев дека парите ќе ги заработам правејќи им песни на Ана и Дара Буба Мара. Се сеќавам, првиот пат кога дојде во студиото, Ана носеше некој џемпер од мајка ѝ и стара тренерка. Се распрашуваше што треба за да сними албум. Тогаш ја видов првпат. Таа веќе беше популарна, а јас слушав нешто дијаметрално спротивно. Нејзината музика ми беше селска. Затоа и сакав да ја одбијам за соработка“, раскажал Раста.
Тој рекол и дека Ана го убедила да ѝ направи неколку песни.
„Пред да ја запознаам, мислам дека можев да се степам со секој што ќе ми кажеше дека ќе работам со Дара или Ана“, призна Раста.
Неколку години откако се запознаа, Ана и Раста се венчаа. Ја добија ќерката Тара, па се разведоа.